Во текот на вчерашниот ден (15.12.2021) во периодот од 12.00 до 15.00 часот Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола за санкционирање на возачи кои не даваат првенство на минување на пешаци, при што се санкционирани 41 возач. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови, информираат од МВР.
Од МВР апелираат до сите учесници во сообраќајот на ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонеат за побезбедни патишта.