338
Министерот за економија, Крешник Бектеши денеска на прес конференција кажа дека електричната енергија нема да поскапи повеќе од 10%.
„Во однос на зголемувањето на цената на електричната енергија сум дал изјава. За првите шест месеци од 2022 година веќе сум дал изјава и стојам целосно зад тоа што сум го кажал.И очекувам да видем каква ќе биде одлуката на РКЕ.Уште еднаш ќе повторам Нема да има зголемување на струјата повеќе од 10% “, порача Бектеши.
Тој вели дека право на компаниите е, не само 100%, туку и 2000% зголемување да бараат, но одлуката ја носи Регулаторната комисија за енергетика.