221
Британската кралица Елизабета превентивно го откажала предбожиќниот ручек со своето семејство, во време кога во Британија расте бројот на заразени од Ковид-19, тврди извор од Бакингемската палата.
„Иако се жали поради откажувањето, постои верување дека тоа е вистинската одлука за сите“, рекол истиот извор, пренесе Ројтерс.
Главниот медицински службеник во Англија ги предупреди луѓето да не се мешаат со другите на Бадник освен ако не мораат, откако Британија забележа најголем број случаи на коронавирус од почетокот на пандемијата.
Кралицата (95) го помина поголемиот дел од пандемијата во замокот Виндзор западно од Лондон.