Итната помош не се приватизира, истакна министерот за здравство Венко Филипче во изјава за медиумите
Тој вели дека во законот јасно пишува дека итната медицинска помош може да ја врши само јавно-здравствена установа, а фактичката ситуација на терен е дека итната медицинска и стоматолошка помош ја прават и приватни установи.
Од СДСМ велат дека ВМРО-ДПМНЕ и Левица повторно ја покажуваат својата деструктивност и неодговорност со блокирање на измените на Законот за здравствена заштита.
-Измените на Законот за здравствена заштита во делот со Итна медицинска помош ќе овозможат зголемување на ресурсите на Брзата Помош како и законско регулирање на услугата која со години наназад ја дават приватните здравствени установи.Законската измена не ги изложува граѓаните на дополнителни финансиски трошоци, туку напротив амбулантните возила на итната медицинска помош на Приватните здравствени установи ќе им бидат ставени на располагање на граѓаните, односно Итната помош на приватните болници, граѓаните ќе може да ја користат бесплатно, велат од СДСМ.