СДСМ го прикажува Ковачевски како дипломец од Харвард, велат од ВМРО-ДПМНЕ

од Nikola Popovski
155 прегледи

Многу неславен беше почетокот на пиунот Ковачевски. Брзо пукна како меур од сапуница обидот на пропагандата на СДСМ да го прикаже како дипломец од Харвард, а тој всушност бил курсаџија со тридневен скапо платен курс, се огласија преку соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

Според нив, ова е само уште еден доказ дека не случајно Ковачевски е избран за пиун на Заев.

-Општо познато е дека на Заев не може да му се верува, а сега се покажува дека Заев избрал наследник кој е лика и прилика на него. Заевизмот продолжува со Ковачевски. Сега само ќе продолжат лагите препакувани во нова амбалажа. Затоа треба заевизмот да се порази на избори, за да не се повторува во форма на нови пиуни, се нагласува во соопштението од „Белата палата“.