Д-р Петличковски: Крајот на пандемијата се наближува, но не знаеме дали сојот омикрон е последен

од Nikola Popovski
792 прегледи

Д-р Александар Петличковски, директор на Институтот за имунобиологија, смета дека препораките се дека треба да бидеме претпазливи околу сојот омикрон, но не треба да бидеме испаничени, бидејќи не знаеме што значи ова брзо ширење.

-Знаеме дека во Велика Британија, бројот на новозаразени се многу големи, но не знаеме колку од тие завршуваат во болница и каков е исходот. Единствено познато е дека заразувањето и пренесувањето е навистина лесно, а битни податоци за проценката на ризикот немаме на располагање, вели д-р Петличковски во емисијата „Студио 10“.

Според него, пандемиите низ историјата покажале дека траат две години, па затоа тој наскоро очекува да заврши ваквата состојба.

-Овој имунитет кој што го создаваме и со прележувањето на болеста и со вакцинирањето, има некакво влијание дека конечно пандемијата ќе заврши. Не знаеме дали ќе биде со овој или некој друг сој, но се чини дека крајот се наближува, смета д-р Петличковски.

Слични содржини