Приведени две лица во Скопје затекнати при купопродажба на дрога

од Vladimir Zorba
215 прегледи

На ул.„Анастас Митрев“ во Скопје, вчера во 14.40 часот полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција, Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи ги лишиле од слобода А.С.(26) и А.Л.(22), двајцата од Скопје.

На наведената улица А.С. бил забележан како на А.Л. ѝ дава марихуана, а таа нему пари, соопштија од Министерството за внатрешни работи.

Од МВР додадоа дека при нивен преглед, кај А.С. биле пронајдени пари, додека кај А.Л. била пронајдена марихауна и дробилка со остатоци од марихуана. По целосно документирање на случајот против А.С. ќе биде поднесена пријава по член 215 од Кривичниот законик.

Слични содржини