Том Харди прогласен за најсексапилен маж во Велика Британија

од Vladimir Zorba
334 прегледи

Британскиот актер Том Харди (44) е еден од најсексапилните мажи во Велика Британија.

Сопруг, но и галантен, Харди е миленик на жените ширум светот. Неговиот беспрекорен изглед и шармот ги соборуваат од нозе фановите, па не е ни чудо што го избраа за титулата најатрактивен. На второ место е актерот Даниел Крег (53).

Имено, во анкетата на британскиот весник „The Sun“, припадничките на понежниот пол можеле да гласаат за „најсекси маж во Велика Британија“. А најмногу од своите гласови му дадоа на Харди кој го освои првото место.

После него на скалата се најде и последниот Џејмс Бонд, актерот Даниел Крег.

На третото место е актерот Том Холанд (25), кој го отелотвори добро познатиот Спајдермен.

Верувале или не, Сер Том Џонс се најде на четвртото место. Оваа „секс бомба“ еднаш тврдеше дека годишно спиел со 250 жени кога бил на врвот на славата.

На петто место е актерот Хенри Кавил, потоа пејачот Роби Вилијамс, седми е Том Хидлстон, осми е Марк Рајт, Дени Даер, потоа Хари Стајлс на десеттото место, а потоа следат Џоел Домет, Шон Бин, Ричард Маден, Џек Грилиш, Гетин Џонс, Џовани Пернис, Бен Шепард, Луис Хамилтон, Гордон Ремзи и Гери Барлоу.

Да потсетиме, Харди неодамна изјави дека повеќе не планира да глуми во филмови по улогата на американскиот мафијашки бос со италијанско потекло Ал Капоне, бидејќи, како што вели, се чувствува уморен и сака да се посвети на пишување сценарија. Се чувствува исцрпено, не само на физички, туку и на емотивен план, бидејќи му недостасува семејството.

Зад него е главната улога во серијата „Табу“ како и сценариото за неа кое самостојно го напиша.

Слични содржини