Снегот и силниот ветер создадоа проблеми во општина Нова Варош во Србија.
Невремето тсече седум планински села во Нова Варош, а во неколку од нив нема електрична енергија, јавуваат локалните медиуми.
„Повеќето патишта во селата Бела Река, Јасеново, Куќани, Божетиќи, Трудово, Драглица и Акмачиќи по синоќешните врнежи од снег се под снежна блокада. Силниот ветер предизвика наноси високи по неколку метри. Сите машини што ги имаме се на терен, а непроодните патишта мора да ги пробиеме до крајот на денот.“, изјави за Рина.рс градоначалникот на Нова Варош, Радосав Васиљевиќ.
Prava zima#novavaroš pic.twitter.com/aK1ynPZBqN
— Дератизација🧠 (@VasilicVladimir) December 17, 2021