18-годишник се однесувал агресивно кон својата мајка, полицијата пронајде и нож

од Nikola Popovski
284 прегледи

МВР информира дека 18-годишен кумановчанeц е уапсен затоа што насилно се однесувал кон неговата мајка.

-Утрово во 00.30 часот, полициски службеници од СВР Куманово го привеле Д.Ј.(18) од Куманово, затоа што претходно во домот агресивно се однесувал кон неговата мајка и оштетил дел од покуќнината. Исто така, при преглед кај него бил пронајден и одземен нож, велат од полицијата.

По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Слични содржини