Коциќ: Доколку Царовска одлучила да се повлече, СДСМ ќе ја поддржи

од Nikola Popovski
358 прегледи

Доколку министерката за образование одлучила дека треба да се повлече и да не биде дел од новата влада, претпоставувам во координација со новиот мандатар, тоа е нејзина одлука и ние ќе ја поддржиме, вели пратеникот од СДСМ, Ненад Коциќ во гостувањето на емисијата „Само вистина“, зборувајќи за најавата на Мила Царовска за повлекување од ресорот образование и наука.

Според него, имаме бурна година и половина како позиција во парламентот од аспект на образованието.

-Сметам дека имаше позитивни промени кои што некои моменти беа пренесувани во јавноста како недоволно точно, меѓутоа промените кои започнаа во насока на Кембриџ системот се апсолутно позитивни. Имаме лош образовен систем кој треба да се менува, потенцира Коциќ.

Слични содржини