„Отворен Балкан“: Заев пристигна во Тирана, со него присутен и Ковачевски

од Nikola Popovski

Премиерот Зоран Заев вечерва пристигна во Тирана, каде што имал средба со српскиот претседател Александар Вучиќ и албанскиот премиер Еди Рама.

-После искреното добредојде од колегите од Албанија, ја започнуваме работната вечера на „Отворен Балкан“, заедно со Претседателот Вучиќ и со нашиот домаќин, премиерот Рама. Утре продолжуваме со работната агенда, на којашто ќе потпишеме повеќе договори за реални придобивки и добробит на нашите народи. Драго ми е што со нас се и заменик-министрите Ковачевски и Димковски, како и голем број стопанственици од Северна Македонија, информира Заев.

Заев потенцира дека од првата средба во Скопје во јули до првото потпишување на договорите коешто ќе се случи во Тирана, „покажавме дека силната политичка волја може да се трансформира во брзо функционирање на нашите институции“.

-Со тоа го потврдуваме нашиот капацитет како земји за спроведување брзи, ефикасни и напредни реформи и политики за регионална соработка, истакна премиерот.

Слични содржини