Чест ми што вечерва за првпат учествувам на официјален работен настан на иницијативата „Отворен Балкан“, објави новиот претседател на СДСМ, Димитар Ковачевски од Тирана, каде заедно со премиерот Зоран Заев ja предводat владината делегација која ќе земе учество на редовниот состанок на иницијативата „Отворен Балкан“ која започнa денеска со работна вечера на лидерите на трите земји и придружните делегации во Тирана.
Според него, оваа иницијатива е многу значајна за регионалниот развој на економијата и олеснување на движењето на луѓето, услугите и стоките во регионот.
-Драго ми е што можам да дадам личен придонес и одблиску да се запознаам за целиот процес, потенцира Ковачевски.