Голо политиканство без каква било рационална основа, вака Проф. Д-р Тито Беличанец, инаку еден од подготвувачите на првиот и најобемниот прирачнк за спроведување на Законот за приватизација на општетвениот капитал, ги оцени обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ дека власта по багателна цена го распродава АД Славија. Беличанец во изјава за локално.мк тврди дека партијата тенденциозно ја злоупотребува почетната цена, притоа премолчувајќи го фактот дека станува збор за „мртва“ фирма чиј имот во изминатите години е раскрчмен.
„Проценката е исклучително комплексен и долг процес на така раскрчмени фирми. Прашање е кој дел од имотот е оптоварен со долгови и неразрешени правни состојби. Оттука, тврдењето дека само управната зграда чини девет милиони евра е во најмала рака сомнително бидејќи можеби токму тој објект е во залог во банка“, вели Беличанец.
Јавното надавање според него е единственото логично решение и секој купец има можност да го пресмета ризикот во кој што влегува.
„Секој којшто има намера да го купи имотот сам си прави проценка за ризикот во кој влегува. Првенствено ќе мора да ги исплати обврските, па потоа на „чист“ имот одлучува дали таму ќе гради или пак ќе развива одредени бизнис активности’’, оценува Беличанец.
Тврдењата на ВМРО ДПМНЕ дека може да се намести јавно надавање се, вели, без каква било основа и се nonsense. Како морална дилема го поставува прашањето зошто прашањето со АД Славија партијата не го решила за време на 12 годишното владеење , кога како што вели бил распродаден највредниот имот во државата.
„На овој начин, ВМРО ДПМНЕ врши идеолошко политичка пропаганда и натамошно пролонгирање на рашавањето на прашањето на придонесите на поранешните вработени на АД Славија кои се основа за заминување во пензија“, категоричен е Беличанец.
Токму ваквиот тип политиканство според него е причина поради која навреме не се вршат голем број продажби на имот, па тој тој останува да “скапува’’ оставен на забот на времето.
Во однос на АД Славија тој остава две правни можности за правниот основ по којшто Агенцијата како соодветен државен орган располга со АД “Славија” како со запленет имот. Според него, првата е АД “Славија” како правно лице да е запленето од државата со што сопственик на акциите се во државна сопственост, а втората во прашање да е запленет остатокот од имотот на АД “Славија” кој не бил раскрчмен од АД додека не било под режим на законска забрана.
„Ако е во прашање АД „Славија“ објаснува Беличанец, евидентно трговското друштво има огромни обврски и неразрешени правни состојби, посебно обврски кон порано вработените кои тужеле за неисплатени плати, придонеси и имаат извршни решенија, залози (хипотеки), неподмирени долгови, договори за закуп на имотот склучени на подолг временски период во кој закупецот вложил средства и други правни основи кои го теретат сиот имот на АД. Ако е во прашање запленет имот и во тој случај, вели тој, веројатно имотот којшто се продава има огромни терети, неразрешени правни состојби, извршни решенија од тужби, посебно обврски кон порано вработените кои тужеле за неисплатени плати, придонеси и имаат извршни решенија, залози (хипотеки) кон банки и други правни лица, не подмирени други долгови како за струја, вода и други комунални давачки, договори за закуп на имотот склучени на подолг временски период во кој закупецот вложил средства и други правни основи кои го теретат сиот имот запленет имот“
Оттука според него, почетната цена е некој вид нето цена плус сите директни и индиректни финансиски трошоци, плус трошоците што ќе ги има купецот за да се воведе во владение на купениот имот.
К.В.С.