Полицијата пишува казни – 27 лица возеле над дозволената брзина

од Берта Китинска
217 прегледи

По засилените акциски контроли од страна на Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден на територија на град Скопје биле изречени вкупно 105 казни, меѓу кои за возење над дозволената брзина 27 санкции, 10 казни за возење без возачка дозвола, седум санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила, 37 за непрописно паркирање.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови, најавија од МВР и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за поголема безбедност во сообраќајот.