Антикорупциска го затвори предметот против Иванов

од Берта Китинска
413 прегледи

Директорката на ДКСК Билјана Ивановска, информираше дека донесена е одлуката за запирање на предметот против поранешниот претседател на држават Ѓорге Иванов со огледа на тоа што има надмината и промената фактичка состојба, Комисијата нема понатаму што повеќе да прави.

– ДКСК во целост ја испочитува постапката во конкретниот случај и ги утврди сите релевантни факти и докази и утврди фактичка состојба во која констатира постоење индиција – сомневање за прекршување на одредба Изборниот закон. Надлежните судски органи и покрај бројните појаснувања и образложенија дадени од ДКСК не ги земаа во предвид при утврдување на фактичката состојба. Со оглед дека од денот на донесување на оваа одлука и утврдување на основаноста на наодите за сомневање помина подолг временски период, од кога се променија околностите со конкретно службено лице, ДКСК оцени дека нема елементи за понатамошно постапување и заклучи дека предметот треба да се заклучи и архивира, изјави Ивановска.

Фактички, посочи директорката на ДКСК, унапредувањата ги направил наредниот претседател на државата, што, како што рече, со тек на време имаме целосно изменета фактичка состојба и од тие причини е безпредметно овој предмет да стои отворен.Ивановска, потсети дека ДКСК постапувајќи по добиени сознанија од медиуми и пријави од непознати подносители, отворила предмет по сопствена иницијатива во врска со потпишани укази за унапредување и именување на лица во Армијата од страна на Претседателот Ѓорге Иванов за време на изборниот период 2019 година.

За утврдување на фактичката состојба, Ивановска, посочи дека ДКСК побарала и добила информации и докази од Кабинетот на претседателот Иванов и до Министерството за одбрана.

– Двете инстуицуии доставија одговори и произнесувања по однос на сомневањата за конкретниот случај. Министерството за обрана достави информација „доверливо“ со напомена дека информацијата може да се користи само од ДКСК. ДКСК по разгледување на сознанијата и добиените одговори ги утврди сите релевантни факти и докази за постоење индиција за прекршување на одредби од Изборниот зкаоник и констатира фактичка состојба. На својата 11 седница ДКСК донесе одлука во која утврди дека сомневањата за унапредувањата претседателот Иванов сторил дејствија кои се забранети за време на изборниот процес, што значи дека сомневањата се основани и одлучи да иницира прекршочна постапка против служебното лице Иванов пред надлежен суд, изјави Ивановска.

Слични содржини