Македонец во куфер носел 350 дози „камагра“: Невообичаена заплена на српска граница

од Nikola Popovski
749 прегледи

На 14.12.2021 година, во соработка со полицијата, српските царински службеници на преминот Хоргош заплениле околу 350 дози, таблети за импотенција „камагра“, кои еден патник ги спакувал во својот багаж.

Прекршокот бил откриен кога на излез од државата за контрола се пријавил 52-годишен македонски државјанин, кој бил зад воланот на „мерцедес“ со чешки регистарски ознаки.

На прашањето на царинскиот службеник дали има нешто да пријави во царинската контрола, патникот одговорил дека со себе носел само личен багаж.

Но, во една од торбите со гардеробата, која била во багажникот на возилото, цариниците при детален преглед пронашле околу 50 кутии со таблетите за потенција.

Патникот им се правдал на цариниците дека камаграта не е негова, туку дека е пратка за пријател кој живее во Чешка.

Слични содржини