СЗО: Благ пад на бројот на новозаразени и починати од коронавирус во светот

од Vladimir Zorba
167 прегледи

Повеќе од 4,1 милиони луѓе се заразени со коронавирусот во светот минатата недела, додека над 44.000 луѓе починале од последиците на Ковид, соопшти денеска Светската здравствена организација.

Бројот на новозаразени е зголемен за два отсто, но стапката на смртност од Ковид е намалена за девет отсто во однос на претходната недела, пренесе ТАСС.

Значителен пораст на новозаболените лица е забележан во Африка, 53 отсто, каде што стапката на смртност е регистрирана и зголемена за 15 отсто.

Бројот на случаи расте и во западниот дел на Пацификот, според неделниот билтен на СЗО.

Околу 63 отсто од сите нови случаи се регистрирани во Европа, каде што починале 60 отсто од сите пациенти со Ковид во светот.

Сепак, тоа укажува на помала инциденца за три проценти, како и пониска стапка на смртност за седум проценти.

Бројот на нови случаи е намален и во САД за 10 отсто, а во Јужна Азија за 12 отсто.

Најголем број на нови инфекции минатата недела имаше во САД, Обединетото Кралство, Франција и Германија.

Слични содржини