Хорор на фудбалски терен: Голман загина по судир со напаѓач (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba
306 прегледи

Тажна вест ни доаѓа од фудбалските терени во Индонезија каде по судир со противнички играч, почина голманот на локалниот член на Лига 3 – Торнадо!

Станува збор за младиот 20-годишен Тауфик Рамсјах кој доби удар во главата додека истрчуваше и ја собираше топката. Тој веднаш се онесвестил и во саботата бил пренесен во болница.

Итно бил опериран, но тамошните медиуми јавија дека починал во вторникот.

Рамсјах наводно бил многу талентиран голман и предвидувале дека наскоро би можел да стане репрезентативен чувар на мрежата, а клубот излезе со соопштение по повод овој трагичен настан.

– Тажна вест! Почина Тауфик Рамсјах! Тој го сакаше овој спорт уште од детството и на крајот почина практикувајќи ја професијата што толку многу ја сака. Но, тој ни ја остави својата страст и порака за иднината.

Во продолжение погледнете го видеото од трагичниот судир:

Слични содржини