Хендерсон загрижен за здравјето на фудбалерите поради тешкиот распоред

од Vladimir Zorba
286 прегледи

Капитенот на Ливерпул, Џордан Хендерсон изјави дека е загрижен оти „никој не ја сфаќа сериозно благосостојбата на фудбалерите“.

Репрезентативецот на Англија е загрижен поради тешкиот распоред на натпреварувањето за време на пандемијата на коронавирус.

Ливерпул во неделата ремизираше со Тотенхем 2-2, а заедно со тој натпревар, тимот ќе одигра пет натпревари за две недели и покрај тоа што неколку играчи се заразени со коронавирус.

„Мислам дека луѓето не можат да разберат колку е интензивно додека не го видат од прва рака. Фудбалот ни е сè и сакаме да можеме да играме на највисоко ниво секогаш кога ќе стапнеме на теренот. За жал, овој период е тешко да се направи“, изјави Хендерсон за Би-Би-Си.

Премиерлигата на состанокот во понеделникот одлучи натпреварите да се играат според постоечкиот празничен распоред и покрај повиците на тренерите за промена на распоредот поради зголемениот број на заразени во екипите.

„Така е неколку години, тогаш беше тешко, но сега, пред се, имаме проблем и станува се потешко, уште полошо. Загрижен сум што никој навистина не ја сфаќа сериозно добросостојбата на играчите. Секако дека сакаме да играме, но јас сум загрижен и мислам дека тоа никој не го сфаќа доволно сериозно, особено во овој период кога е тука короната. Ќе се обидеме да разговараме и да направиме некакво влијание во иднина, но во овој момент не мислам дека играчите ја добиваат почитта што ја заслужуваат во смисла дека некој може да зборува независно наместо нив и да има моќ да каже дека тоа не е за доброто на играчите“, заклучи тој.

Слични содржини