176
Се очекува денеска премиерот Зоран Заев да ја депонира оставката во Собранието со што во оставка ќе биде целата Влада.
На утрешната седница собранискиот спикер, Талат Џафери ќе ја констатира оставката и ќе ја откаже седницата за пратенички прашања, бидејќи со премиерската оставка, во оставка е и Владата.
Според Уставот и собранискиот деловник, Претседателот на државата е должен во рок од 10 дена да го довери мандатот, на партијата, односно партиите што имаат мнозинство во Собранието, во конкретниот случај најверојатно тоа ќе биде лидерот на СДСМ Димитар Ковачевски.