ПИЈАЛОК КОЈ ГО ОПОРАВУВА ЦЕЛО ТЕЛО: Црната лимонада го чисти црниот дроб, го намалува холестеролот и ги топи мастите! (РЕЦЕПТ)

од Vladimir Zorba
427 прегледи

Доколку планирате да го исчистите телото од насобраните токсини и да го ресетирате телото и едноставно да добиете повеќе енергија и да се чувствувате подобро, овој пијалок е токму за вас.

Лимонадата на многумина им е омилен летен напиток, освежителна е и многу вкусна, но кога ќе и додадете активен јаглен, добивате и совршен напиток за целосно опоравување на целиот организам. Поради активниот јаглен, овој пијалок има црна боја, додека вкусот останува непроменет.

Црната лимонада ќе го исчисти телото од токсини, ќе го исчисти црниот дроб и ќе го намали холестеролот. Помага при надуеност, гасови и аерофагија (несвесно голтање воздух за време на оброците), па дури и при проблеми со кожата. Ја регулира работата на дигестивниот тракт, а со тоа го забрзува метаболизмот што доведува до слабеење.

Активниот јаглен се добива со деструктивна дестилација на материјали од разни растенија и кора од кокос и има впивачки својства, па ги отстранува штетните материи и токсините од телото.

За подготовка ви треба:

Сок од половина лимон или лимета
Чаша минерална или кокосова вода
Половина кафена лажичка активен јаглен

Начин на подготовка:

Додадете сок од лимон и активен јаглен во прав во водата. Добро промешајте и напитокот е готов.

Пијалокот се пие еднаш неделно и никогаш почесто од тоа.

Забелешка: Оваа лимонада може да го намали ефектот на лековите. Затоа, доколку земате некои лекови, треба да внимавате на двочасовниот интервал помеѓу земањето на лекот и пиењето црна лимонада.