Во рамки на редовни акциски контроли полицијата вчера во Скопје санкционирала 142 возачи, од кои 25 за брзо возење.
-Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 142 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 25 санкции, 18 мерки за возење без возачка дозвола, шест санкции за нерегистрирани возила, информираат денеска од МВР:
Оттаму додаваат дека се изречени и 11 мерки за користење мобилен телефон, три за минување на црвено светло, а 46 за непрописно паркирање.
Од МВР најавуваат дека засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за поголема безбедност во сообраќајот.