Спасовски за големата полициска акција: Политичка партија имаше за цел да ја уништи истрагата на МВР

од Берта Китинска
259 прегледи

Со фактура за мобилна галантерија во Македонија биле внесени таблети кои не се регистрирани во Агенцијата за лекови. Полициски службеници асистирале, а еден од нив, имал и задача да биде чистач на патот за да се пренесе стоката. Самиот влез на овие таблети е кривично дело, изјави вели министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

За сите царински службеници има докази дека се инволвирани во внесот на овие таблети, кои во документите биле пишани како мобилна галантерија.Приведените се на возраст од 35 до 55 години, а Спасовски посочи дека МВР ќе продолжи со овие акции.

-Можеби дел од вас ќе се запрашаат  зошто во кратки црти ги објаснив најважните момент затоа што на прес-конференциите и шпекулациите од политичка партија имаше за цел да ја уништи оваа истрага.МВР работи по цел на докази. Основата не може да биде рекла-казала муабети, а истрагата не смее да се темели во шпекулации, со тоа се станува сооучесник во криминалот . Во повеќе наврати сум споменал дека пред изнесување на информации од истрагата, кои се базираат на шпекулации, само наштетуваат на истрагата, вели министерот .

Тој вели дека паралелна истраги од аматери се класични обиди за саботажа.

Паралелна истрага од аматери им помага на криминалците да се извлечат, затоа ги прави соучесништво во делото. Во неколку наврати МВР испрати до ОЈО известување за овие активности и очекувам да се бара одговорност за ваквите постапки , кажа Спасовски.