Денеска во Собранието на почетокот на седницата за пратенички прашања беше констатирана оставката на премиерот Зоран Заев.
Зоран Заев вчера во пишаната оставка до собранискиот спикер Талат Џафери наведе дека ваквата одлука ја презел како логичен чекор кој произлегува од исходот на локалните избори и како израз на преземената одговорност за изборните резултати. Тој исто така вели дека оставката нема усно да ја образложи пред пратениците.
Откако премиерот Заев вчера поднесе оставка, веќе почнуваат да течат уставните рокови за предлагање и избор на новиот владин состав.
Шефот на државта, Стево Пендаровски, треба да го додели мандатот. Односно, Пендаровски сега треба да го додели мандатот на новиот мандатар Димитар Ковачевски.
Според Уставот, претседателот е должен во рок од десет дена да го довери мандатот на партијата, односно партиите што имаат мнозинството во Собранието. Мандаторот во рок од 20 дена, од денот на доверувањето на мандатот, на Собранието му поднесува програма и го предлага составот на Владата, стои во Уставот.