Американскиот претседател Џозеф Бајден денеска потпиша одлука со која се забранува увоз од кинеската провинција Ксинџијанг поради загриженост дека таму се врши принудна работа, соопшти Белата куќа.
Предлог-законот, кој Конгресот го одобри на 16 декември, е дел од мерките на Вашингтон против, како што се наведува, репресијата на кинеските власти врз муслиманското малцинство Ујгури, јавува Ројтерс.
Конгресот ја усвои мерката во декември, откако беше постигнат компромис меѓу предлозите доставени до Претставничкиот дом и Сенатот.
Компромисното решение ја задржува одредбата, која беше формулирана како „побитна претпоставка“, дека сите стоки од Ксинџијанг, каде што кинеската влада, наводно, основала мрежа на работни логори за Ујгурите и другите муслимански малцинства, била направена со принудна работа, а мерката забранува таков увоз.
Кина ги негира сите наводи за злоупотреба во Ксинџијанг, од каде потекнува најголемиот дел од светското производство на соларни панели, но американската влада и многу организации за човекови права остануваат цврсти дека Пекинг таму врши геноцид, наведува Ројтерс.