Шефот на државата, Стево Пендаровски смета дека треба да му се даде шанса на новиот лидер на СДСМ, Димитар Ковачевски, за кого се споменува дека е најсериозен кандидат за нов премиер на земјата.
-Треба да му се даде шанса. Факт е дека има богато академско искуство, има години и години партиски стаж во СДСМ, таму го познаваат. Мислам дека има конекции со разноразни групации кои постојат. Мислам дека има добра стартна основа, рече Пендаровски во гостувањето на „Само интервју“.
Претседателот смета дека иако „Ковачевски е голема непознаница во политиката бидејќи не бил на позиција претходно, исто како што беше и случајот со мене“.
-Со оглед дека пред да станам пратеник, а потоа и претседател на државата, не извршував функција како што е министерска или премиерска, вели Пендаровски.