Украина признава: Нема алтернатива за рускиот гас

од Vladimir Zorba
357 прегледи

Во моментов Украина не може да обезбеди увоз на гас од алтернативни извори, освен од Русија, изјави директорот на украинската компанија „Нафтогас“, Јуриј Витренко, пренесе порталот „РБК Украина“.

„Бродовите со течен природен гас не можат физички да влезат во Украина. Дури и од терминалот во Полска, регасифицираниот течен природен гас не може физички да стигне до Украина преку гасовод“, призна Витренко.

Како што истакна, за да се овозможи тоа, неопходно е да се модернизира гасоводниот систем на територијата на Полска.

„За гасот физички да стигне до Украина или, на пример, гасот од Германија преку Полска, на полска страна, поблиску до украинската територија, треба да се прошират овие „тесни грла“, да се инвестира во инфраструктурата“, објасни тој.

„За тоа е потребно време и инвестиции од Варшава, која во моментов не работи на тоа, бидејќи за тие цели чека пари од Европа“, додаде првиот човек на „Нафтогас“.

Витренко истакна дека поседувањето сопствен терминал за течен природен гас е поврзано со поминувањето низ Босфорот, но Турција не дозволува танкери за течен гас да пловат низ тоа море.

Да потсетиме, Киев од 2015 година не купува директно руски гас, туку го купува од Европа. Во септември 2020 година, Украина целосно се префрли на купување руски гас со виртуелен рикверц – околу половина од транзитната количина гас веднаш останува на територијата на Украина.

Како што соопштија од компанијата „Нафтогас Украина“, директниот увоз на гас од Русија би го загрозил суверенитетот на земјата.

Слични содржини