Запленет хероин вреден 200.000 евра, приведено едно лице (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba
268 прегледи

Синоќа полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи на ул. Босна и Херцеговина во Скопје го приведоа А.О. (37) од Гостивар. Кај него се пронајдени околу пет килограми хероин во вредност од околу 200.000 евра, кои ги носел во ранец, соопштија од МВР.

При преглед на ранецот пронајден е хероинот, кој бил спакуван во девет пакувања. Пронајденото е одземено, А.О. е лишен од слобода и во текот на денот до надлежното ОЈО Скопје ќе биде поднесена соодветна кривична пријава за извршено кривично дело по член 215.

Министерството за внатрешни работи продолжува со континуираната борба против недозволената трговија со дрога, за што сведочат и постојаните заплени на дрога и приведување на лицата што ги вршат овие кривични дела, порачаа оттаму.

Слични содржини