Низа на новини кои ги усвоивме со Колективниот договор со Македонскиот полициски синдикат, а кои стапуваат на сила од 01.01.2022 година, пишува на својот Фејсбук профил министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.
▶️Награда во износ од 100 евра во денарска противредност за колешките кои ќе добијат принова
▶️Исплата во износ од 20% средства наменети за храна за колегите кои работат ноќе
▶️Исплата во износ од 5% на час за домашно дежурство во криминалистичката полиција, нешто што го немавме до сега
▶️Награда во износ од 150 евра во денарска противредност на ментори за успешно спроведена менторска програма
▶️Јубилејна награда во износ од пола од просечна плата за работен стаж од 10 години во МВР, истакнува министерот.