Доцна синоќа сообраќајна незгода се случи на булеварот „Партизански одреди“ во скопската населба Влае.
Во несреќата оштетени се повеќе возила и притоа е срушена метална бандера.
Според првичните информации од Министерството за внатрешни работи, две лица се здобиле со полесни повреди.