Министерство за животна средина и просторно планирање во својот нееделен извештај за квалитет на амбиентен воздух за период 20.12 – 26.12.2021 година дава анализа на среднодневните концентрации на PМ10 од Државниот автоматски систем за квалитет на амбиентен воздух.
-Од анализата се забележува дека среднодневната гранична вредност за суспендирани честички со големина до 10 микрометри РМ10 (50 микрограми на метар кубен) е надмината на мерните места Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче, Ректорат, Ѓорче Петров, Миладиновци, Битола 1, Гевгелија, Гостивар, Кавадарци, Кичево, Кочани, Куманово, Струмица, Тетово и Велес 2.Прагот на информирање за РМ10 (2 последователни дена со среднодневни концентрации над 100 микрограми на метар кубен) е надминат на мерните места Гостивар, Кавадарци, Кичево, Кочани и Велес 2 .Прагот на алармирање за РМ10 (2 последователни дена со среднодневни концентрации над 150 микрограми на метар кубен) е надминат на мерните места во Скопје – Центар, Гази Баба Лисиче, Ректорат, Тетово, Куманово и Струмица, соопштија од МЖСП.
Градоначалничката на ВМРО-ДПМНЕ, Данела Арсовска наместо да ги зголеми ги намалува парите за животна средина. И тоа за три пати помалку.Ова е уште една во серијата погрешни одлуки на Данела Арсовска на штета на скопјани, обвини на денешната прес-конференција, Стефан Васев од СДСМ.
-За Секторот за животна средина за 2022 година во Предлог Буџетот на Град Скопје предвидени се 73 милиони денари.Три пати помалку од буџетот за оваа година кога поранешниот градоначалник Петре Шилегов обезбеди 213 милиони денари.Во кампањата, Арсовска ветуваше инвестиции во животната средина и борба против аерозгадувањето.Буџетот за 2022 покажува дека тоа било само една од многуте предизборни лаги на градоначалничката од ВМРО-ДПМНЕ, Данела Арсовска.Намалувањето на средствата значи сериозен удар врз капацитетите кои се борат против загрозувањето на животната средина, а со ваков пристап на Арсовска, Скопје уште долго време ќе биде на врвот на најзагадени градови во светот, вели Васев.