270
Севиља е заинтересирана во јануари да го доведе фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Антони Марсијал на позајмица, пренесе „Sky“.
Севиља и официјално испрати понуда, а тимот од Андалузија нуди позајмица до крајот на сезоната, без право на откуп.
Јунајтед се уште не одговорил на оваа понуда, но шансите да ја прифати се големи.
Марсијал неодамна побара да го напушти клубот, додека менаџерот Ралф Рангник изјави дека Јунајтед ќе му дозволи на играчот да си замине, доколку дојде понуда.
Марсијал дојде во Јунајтед во 2015 година од Монако. Сезонава одигра само 10 натпревари и постигна еден гол.