Прилепчанец ширел омраза и насилство преку навредлив коментар

од Nikola Popovski
213 прегледи

Поднесена е кривична пријава против прилепчанец кој поттикнал омраза и насилство, оставајќи навредлив коментар под текст на интернет-портал, информираат од МВР.

-СВР Охрид поднесе кривична пријава против З.М.(46) од Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“.

Тој, на 14.10.2021, по објавен текст на интернет портал, постирал коментар со кој поттикнувал омраза и насилство, стои во полицискиот билтен.