Убеден сум дека ќе се тргне по пат на консолидација. Oва раководство има луѓе од времето на Црвенковски, Заев и луѓе кои се нови, а Ковачевски вчера кажа добра поента „не верувам во мои или било чии луѓе верувам во наши луѓе“, рече новиот потпретседател на СДСМ Стефан Богоев во гостувањето во вестите на Тв24.
Богоев смета дека нема простор за поделби.
-Верувам дека ова раководство ги отсликува сите генерации и една разноликост помлади и поискусни, доктори, правници, економисти, стручна фела, уникатно добра спојка надградена и заокружувањето на овој процес ќе биде огромно екипирање и обединување со очекувмње на редовните парламентарни и претседателски избори. Во новата Влада нема да е суштински битно кој на која функција е во партијата, туку ќе се гледа стручност, некаде околу 17-18 јануари ќе го имаме новиот состав во владата ќе бидат оние кои се најстручни за министерствата, агенциите итн, додаде тој.