Жестока тепачка меѓу пратениците во Јордан (ВИДЕО)

од Nikola Popovski
318 прегледи

Тензии денеска избувнаа во јорданскиот парламент. Пратеници се степаа во живо на телевизиски пренос, за време на дебатата за уставните реформи, вклучувајќи го и прашањето за родовата еднаквост, што доведе до прекин на седницата.

За време на седницата избила жестока дискусија меѓу пратениците и претседателот на парламентот Абделкарим ел Дагми.

Според АТФ, причината беше амандманот со кој се додава заменик за женски род за граѓаните на Јордан во поглавјето од Уставот, кое гарантира еднакви права на сите граѓани, пренесе АФП.

Неколку пратеници жестоко се спротивставија на амандманот, означувајќи го како „бескорисен“.

Ел Дагми ја напушти салата по скандалот, а седницата на јорданскиот парламент ќе продолжи утре.

Треба да се напомене дека Уставот на Јордан е донесен во 1952 година и се менувал дури 29 пати, при што, според експертите, овластувањата на монархот биле зголемени на сметка на законодавниот дом. Правата на жените не се променети.

Слични содржини