Проф. д-р Никола Дујовски вели дека новата влада ќе треба многу посветено да работи за да испорача резултати.
-Поедноставно е да се преселите од министерството за информатичко општество во образование отколку сосема нов човек како што е стоматологот од Чаир да седне на министерската фотелја во здравство, тоа ќе биде голем предизвик и ќе видиме како ќе се одвива, нема време за многу олабавување посебно за СДСМ, ДУИ има стабилна партиска структура тие паралелно водат ресори во влада и ја туркаат партиската агенда во Мала Речица за Алтернатива ќе биде ова еден голем предизвик, вели Дујовски во „Студио 10“.