Денес, кога ја затворам последната страница од моите два мандати како премиер, јавно ја изразувам мојата споделена тага и сочувство со најблиските на починатите и немам никаква илузија дека борбата со пандемијата ќе биде болдирано поглавје во мојата кариера како премиер. Она што можам да го кажам од позицијата на соодветноста и сигурноста на мерките и чекорите што беа преземени на наспроти фаталната природа и непредвидливост на вирусот, е дека направивме сѐ за да ги намалиме ризиците и да се справиме со последиците од смртоносниот вирус, рече поранешниот лидер на СДСМ, Зоран Заев.
Како што вели тој, благодарение на навремените мерки и одлуки, македонскиот здравствен систем во текот на целата ковид криза функционира без застој.
Најважна и пресудна улога за тоа оставрување имавте вие – здравствените работници. Со помош на вашата пожртвуваност и посветеност го реорганизиравме раководењето со државата со единствена цел – да ги ставиме сите ресурси во заштита на здравјето на сите на наши граѓани, изјави Заев.
Заев дополнува дека е вратено достоинството на здравствените работници и им се овозможени подобри услови за работа. Основната плата на лекарите специјалисти е зголемена за 40%, на медицинските сестри помеѓу 20% и 23%, на општите лекари за 25%, а на здравствени соработници за 15%, вели Заев.