Она што го гледам од страна кај нашиот политички противник е дека ги критикуваат овие мои посети низ општините, изјави денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за време на посетата на Општина Бутел.
-И би рекол оние скапо платени со украдени народни пари ботови кои што пишуваат по социјалните медиуми само ќе им порачам дека ќе продолжите уште долго да ме гледате и уште долго ќе реализираме успешни проекти. Затоа што ВМРО-ДПМНЕ тоа што го ветува и го исполнува. А, СДСМ тоа што го ветува, го краде од народот и никогаш не го исполнува. За жал уште долго ќе ме гледаат и уште долго ќе реализираме проекти кои што граѓаните ги бараат од нас за довербата која што ја дадоа на локалните, а многу скоро денеска и на предвремени парламентарни избори, кажа Мицкоски.
Од новото раководство на СДСМ и мандатарот Димитар Ковачевски очекувам продолжување на политиките на Зоран Заев, неуспеси и немање стратегија, изјави денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.
– Имав прилика да слушнам едно интервју на Ковачевски, стерилно, буквално не можам да препознам некоја политичка, лидерска реченица која ќе можам да ја коментирам. Затоа очекувам само продолжување на политиките и ништо друго, рече Мицкоски.