Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, беше разочаран од изданието на неговиот тим на натпреварот против Лестер и додаде дека со таква игра „црвените“ не можат да се надеваат дека ќе се борат со Манчестер Сити за титулата.
Ливерпул во вторникот загуби од Лестер со минимален резултат и сега има 41 бод на второто место, шест помалку од водечкиот Манчестер Сити. Во следното коло на 2 јануари ќе ги одмери силите со Челси кој исто така има 41 бод на третото место.
„Жал ми е, но му дадовме шанса на Сити да избега. Ако играме како во вторникот, не мора ни да размислуваме како ќе ги стигнеме“, изјави Клоп.
„Следниот натпревар го играме со Челси, невозможно е двете екипи да победат. Ќе видиме колку бодови ќе освоиме и што ќе значи тоа… Немам објаснување што се случи против Лестер. Во моментов, мојата примарна цел е да разберам што се случи, а не да размислувам за предноста што ја има Сити. Воопшто не ми се допадна нашата игра“.
Челси игра против Брајтон денеска, па може да го помине Ливерпул на второто место. Сити pak ќе ги одмери силите со Брентфорд, па се очекува дополнително да ја зголеми предноста.