Новиот член на Извршниот одбор на СДСМ и поранешен градоначалник на Карпош, Андреј Петров откри поради која причина се вратил во високите партиски органи.
-Најважно е што не доаѓам за некаква функција. Го познавам Ковачевски долго време и тој кога беше избран за лидер на партијата ми се јави и искажа желба да вклучи повеќе луѓе, кои во разни периоди значеле нешто за партијата. Тоа беше негова иницијатива. Разговаравме доста детално. Неговите амбиции се да се насочи кон решавање на директните проблеми на луѓето, вели Петров во гостувањето на емисијата „24 анализа“.
За Петров, „Ковачевски е чесен човек, со голем менаџерски капацитет и затоа сакам да му помогнам“.
-Делиме исти вредности. Тоа е човек кој заслужува да се поддржи и може да понуди многу. По карактер, Ковачевски е повеќе технократски човек, менаџер, еден вид оперативец во тој менаџерски дел, вели Петров и додава дека „лидерот на СДСМ има еден обединувачки капацитет“.