Новиот потпретседател на СДСМ, Стефан Богоев вечерва информира дека лидерот на партијата, Димитар Ковачевски му дал обврски на новото раководство уште од првиот ден на функцијата.
-Уште од денес Ковачевски подели обврски и задачи со прецизни рокови. Тоа му недостига на СДСМ – систем и одговорност. Ако по неколку месеци некој не ги исполни обврските, ќе биде променет. Тоа е новина во партијата. Ако сум јас тој, тогаш ќе следува исто така смена. Никој нема да биде поштеден, вели Богоев во гостувањето на емисијата „Клик плус“.
Поранешниот градоначалник на Карпош информира дека со промените „почнале луѓе да доаѓаат во седиштето на партијата, а после празниците се очекуваат уште повеќе“.
Богоев додаде дека наскоро ќе бидат распишани избори во сите општински организации во СДСМ, за бирање на нови членови во раководствата на ограноците.