Татко ја убил својата малолетна ќерка мислејќи дека е провалник

од Nikola Popovski
195 прегледи

Во семејна трагедија во Колумбус, Охајо, татко ја убил својата 16-годишна ќерка бидејќи мислел дека во куќата има провалник.

Трагедијата се случила околу четири и пол часот наутро, кога девојката дошла дома, но не го исклучила алармот. Таткото се разбудил и мислејќи дека е провалник ја застрелал ќерката.

Мајката потоа повикала полиција, а на снимката од разговорот се слуша како татко во очај ја повикува ранетата ќерка да се разбуди.

Брзата помош го пренела девојчето во болница, но таа набргу починала.

Полицијата соопшти дека е отворена истрага и дека досега не е покренато обвинение против таткото.