Безживотно тело на жена пронајдено во стан во Скопје

од Nikola Popovski
239 прегледи

МВР информира дека излегла на терен по пријава дека има почината жена на 40-годишна возраст во стан во Скопје.

-На 29.12.2021 во 16.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека во стан на ул.„Антон Кецкаров“ била пронајдена почината А.А.(40) од Скопје. Смрт без траги на насилство констатирала екипа од Итна медицинска помош, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатата било дадено на обдукција, соопштија од полицијата.