Тендерската документација за ХЕЦ Чебрен влегува во втора фаза

од Nikola Popovski
215 прегледи

Владата денеска ја разгледа и усвои Информацијата за усвојување на тендерска документација за втора фаза во постапка за доделување на концесија за користење на вода за производство на електрична енергија од хидроелектрични централи на Црна Река.

Согласно резултатите од првата фаза, 9 од 10-те пријавени компании ги исполнија условите од претквалификацијата и со тоа се стекнаа со право да достават на понуди за втората фаза.