Министерството за надворешни работи на Бугарија го оцени како провокација рускиот документарен филм „Една вера, еден јазик“ на режисерката Елена Мироненко.
Оваа рекација доаѓа од бугарското МНР поради наводите дека светите браќа Кирил и Методиј и нивните ученици немаат никаква врска со Бугарија.
Според бугарското Министерство, филмот не е научно издржан и неточно се претставени историските периоди во него. Поради погрешно поставените или намерно изоставените фундаментални факти во филмот, бугарското Министерство за надворешни работи потсетува дека во рамките на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања, Република Бугарија и Република Северна Македонија постигнаа договор за историски личности и настани од нашата заедничка историја, меѓу кои и Свети Кирил и Свети Методиј, Свети Климент, Свети Наум и други, одобрени од владите на двете земји.
-Се надеваме дека трети лица директно или индиректно не се инволвирани во вакви провокации, дека немаат за цел да создаваат поделби и дека повеќе нема да бидеме сведоци на вакви случаи, кои се спротивни на општоприфатените во светската историографија, информираат од бугарското министерство.