492
Иако Град Скопје пред два дена ја објави новогодишната програма за дочекот на скопскиот плоштад, денеска информираа дека таа е надополнета. Според објавата од Градот, меѓу изведувачите ќе се најде и Бени Шаќири заедно со групата „Нон стоп“.
Според предвиденото, Шаќири ќе настапи со групата од 22:30 до 23:30 часот.
Пред Шаќири, ќе настапат групите „Пука Козметика“ и „ДНК“, а за подоцна се закажани настапите на „Нокаут“ и фолк пејачите Наум Петрески и Зуица Лазова.
Од Градот информираа дека три одговорни компании, се одважиле „во време на економска и енергетска криза, да придонесат за организацијата за свечениот дочек на Новата Година“.
Шаќири беше кандидат за градоначалник на Скопје на локалните избор на ДОМ и ЛДП.