Градот Скопје попладнево информира за уште една промена во директорската функција на чело на претпријатијата, кои се под негова капа. Според објавеното, магистер Филип Пасху е нов в.д. директор на ЈП Градски Паркинг Скопје
–Пасху е магистер по економија, со долгогодишно работно искуство во управување со бројни проекти на УСАИД, ДФИД, ИПА фондовите на Европската Унија. Има искуство и од позицијата неизвршен директор на АД Енергетика Скопје, заменик директор на ЈП Градски Паркинг, како и претседател на Управниот одбор на истото претпријатие, информираа од Градот Скопје.
Претходно беше соопштено дека е поставен нов в.д. директор на ЈП „Комунална хигиена-Скопје“, а тоа е Зуди Енузи Кока, која доаѓа од Алијанса на Албанците.
Ова е веќе осма промена во директорските места, што ги направи градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, откако дојде на функцијата.