143 санкционирани возачи во Скопје, 48 под дејство на алкохол

од Nikola Popovski
176 прегледи

МВР информира дека во текот на вчерашниот ден на територија на град Скопје биле изречени вкупно 143 казни, меѓу кои за возење под дејство на алкохол 48 санкции, 19 мерки за возење над дозволената брзина, 20 казни за возење без возачка дозвола.

Биле изречени 11 казни за непрописно паркирање, четири мерки за минување на црвено светло, три мерки за некористење сигурносен појас, четири санкции за користење мобилен телефон, четири мерки за возач почетник, седум мерки за нерегистрирани возила.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови, најави полицијата. Апелира до граѓаните за почитување на сообраќајните правила и прописи за посигурни патишта.