332
Познатата актерка Бети Вајт почина на 99-годишна возраст, пренесе „TMZ“.
Таа почина синоќа, една недела пред да го прослави својот 100-ти роденден.
Познатата актерка имаше најдолга ТВ кариера. Таа играше во различни серии за време на нејзината 80-годишна кариера, која започна во 1939 година. Бети е веројатно најпозната по улогата на Роуз Нилунд во „Златни девојки“, хумористична серија што се емитуваше од 1985 до 1992 година.
Кариерата ја започна на радио, а во еден момент водеше и своја емисија.
Фото: KEVIN WINTER / Getty images / Profimedia